Момче од Скопје загинало на боиштата во Сирија. Според албанската новинска агенција СОТ, во последните борби во Сирија загинал македонскиот државјанин Е. Исени (23). Истиот извор наведува дека Исени е по потекло од скопското село Арачиново. Агенцијата информира дека веста за загинувањето на боиштата во Сирија е добиена од страна на семејството, според кое Исени на 19-годишна возраст заминал за Сирија.
Притоа не се наведува под која команда бил сега загинатиот скопјанец. Истиот извор додава дека во Сирија и понатаму има голем број Албанци кои војуваат на боиштата.
Во борбите во Сирија и Ирак досега загинале дваесетина џихадисти по потекло од Македонија, а претпоставките се дека од страната на исламската држава се борат околу стотина борци со потекло од повеќе региони во Македонија како скопско, тетовско, гостиварско, кичевско, кумановско, но и други места.Oд летото 2012 година регистрирано е учество на 100-ина македонски државјани на боиштата во Сирија и Ирак, од кои за двеипол години загинале 15 доброволци џихадисти од Македонија загинаа борејќи се на страната на терористите на сириските боишта.
Дел од загинатите и активните џихадисти на боиштата на Блискиот Исток заминале од неколку западно европски земји каде претстојувале откако ја напуштиле Македонија.
Заминувањето на македонски граѓани во Исламската држава или други џихадистички движења во овие земји првпат било регистрирано во 2012 година, а веќе е феномен кој загрижува. Земјава презема мерки за спречување на оваа појава, поради што беше донесена Стратегијата за борба против тероризмот, беше назначен национален координатор за борба против тероризмот, а беа донесени и измени во Кривичниот законик со кои се казнува учеството во странски војски и други вооружени групи.