Кумановската градинка „Ангел Шајче“ одбележа 60 години постоење

Од:

Кумановската градинка „Ангел Шајче“ одбележа 60 години од своето постоење со манифестација во спортската сала на која учествуваа околу 450 деца од големите групи. На манифестацијата во Куманово присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставници од Владата и градоначалнниците на Куманово и Старо Нагоричане, но и огромен број граѓани, родители на децата кои проследија настап на децата од кумановската градинка.

Директорката на установата во која има згрижено околу 1.900 деца, Марина Алексовска, потенцираше дека нивната улога е згрижување, воспитување и едуцирање на најмладите во продуктивни и креативни личности, нагласувајќи дека во градинката децата се учат за хуманизам, естетски вредности и почитување на сите.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царевска рече дека кумановската градинка е една од најуспешните на ниво на државата, додавајќи дека таа го гради паттот на мултикултурно општество, потсетувајќи дека уште од 90-те во оваа градинка функционираат билингвални паралелеки. Со тоа, рече, е постигната инклузија во објектите и заедничка работа на воспитувачките. Нагласи дека во претходните десет години имало запуштени објекти кои сега се ревитализираат.

– Мене навистина ми е чест што токму во Куманово во оовј месец кога се одбележуваат 60 годишниот јубилеј ќе отвориме објект кој ќе има капацитет за 69 деца. Сакам да ја потенцирам заложбата на Владата за развој и детска заштита за отварање детски градинки во урбани средини, како што беше примерот во Старо Нагоричане, потсети министерката.

Царовска рече дека заложбата на Владата е да се зголеми опфатот на деца за 50 проценти, бидејќи на тој начин се обезбедуваат еднакви можности на сите деца.

Спасовски потенцираше дека општеството е должно да инвестира во развојот на децата и постојано да го надоградува.

– Дозволете ми да истакнам дека Владата на Република Македонија свесна за важноста на овој сегмент од општественото живеење е одлучна во намерата да се реализираат сериозни реформи и вложувања во интерес на натамошниот развој на системот за грижа и воспитување на децата, рече вицепремиерот Спасовски. Нагласи дека ова е врвна институција во Куманово, во која се вложиле многумина и дека оваа установа го афирмира градот.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски најави дека општината аплицирала за проект за изградба на нова детска градинка која ќе биде лоцирана на улицата „Бајрам Шабани“.

Децата од оваа градинка приредија музички точки за присутните во преполната спортска сала во градот.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони