МКЦ распишува конкурс за авторски цртежи во рамките на проектот „Градот убав“

Од:

Младински културен центар (МКЦ) – Скопје распишува повик за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност за избор на 20 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав“.

Од МКЦ наведоа дека „Градот убав“ е темата со која ќе биде започнат уникатниот културен проект, а идејата е, во склоп на еден од најзначајните објекти од современо Скопје  –  објектот на Градскиот трговски центар, да се интегрира првата галерија на отворено, посветена на уличната уметност и графити културата.

– Целта на оваа интервенција е да се даде простор на домашните автори да реализираат дело посветено на Скопје, кое оваа година одбележува 55 години од обновата по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Покрај промоцијата на домашните уметници пред јавноста, со оваа интервенција ќе му се даде дополнителна функција на овој архитектонски атрактивен простор, соопшти МКЦ.

Настанот ќе се реализира на 15 и 16 јуни, а на 17 јуни 2018 година ќе се случи официјалното отворање на галеријата.

Локацијата на настанот е автобуската постојка во склоп на Градскиот трговски центар – Скопје, на потпорниот ѕид во кој ќе бидат формирани 20 полиња за работа.

МКЦ соопшти дека, секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица – концепт, во една од категориите: 1. Street art или 2. Graffiti, истакнувајќи дека организаторот за потребите на настанот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, фото документација и архивирање, изработка на брошура, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства.

Материјалот електронски можете да го доставите најдоцна до 24 мај 2018 година, на адресата: [email protected] со наслов на пораката: Име и презиме / Градот убав.

– Нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа, порачаа од МКЦ.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје