Дезинсекција против крлежи во Куманово

Од:

Денеска и утре, стручни екипи од кумановска фирма ќе ги третираат јавните зелено-цветни површини против крлежи, информираат од општина Куманово. Целта на третманот кој ги опфаќа парковите, градскиот кеј, островцата околу институциите е спречување на ширење заразни болести.

Третираните површини ќе бидат видно обележани и не се препорачува подолг престој ниту за граѓаните, ниту за животните, особено во периодот непосредно по извршениот третман. – За дезинскеција и дератизација и ларвицидна дезинскеција која традиционално се спроведува во два наврата сега и на есен одвоени се 600.000 денари. Тендерот го доби фирмата „Плант Медика“, информираше, комуналниот редар од општина Куманово, Гордан Таневски.

Годинава се предвидени и три третмани со ларвицидна дезинскеција на површини како се што мини бари, мочуришта, застоена вода во селата во Кумановско, како што се Речица, Клечовце и други.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе