Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денеска во Сунио ќе оствари средба со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.
Поранешниот премиер разговараше со Алексис Ципрас за надворешната политика, а потоа замина на средба со Никос Коѕијас.
– За земјата да оди напред потребна е национален консензус и компромис. И сите имаме должност да му служиме на тоа, рече Папандреу по средбата со Ципрас и додаде дека надворешната политика, особено во критични моменти за Грција бара одговорност и чисти гласови.