СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да функционира во поразената матрица на Груевски

Од:

„Покрај лажните вести, ВМРО-ДПМНЕ во безидејност и очај два дена се обидува да ја замајува јавноста со рециклирани измислени случаи, со што уште еднаш се покажува дека оваа партија не може да понуди ништо друго освен измислици и манипулации.

Залудни се измислените наводи на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, постапката е чиста, транспарентна и во интерес на Општина Струмица. Јавноста добро знае дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции со месеци беа безмалку преселени во Струмица и на крајот не успеаја да најдат ништо незаконско.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ и затоа после четири години оживува лажни афери за постапки за коишто е докажано дека се целосно во согласност со законите.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да функционира во поразената матрица на Никола Груевски и неговите политики на лаги, поделби и измислени афери преку кои напразно се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од нивното деструктивно однесување“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски