Евроамбасадорот Жбогар во Кочани на одбележувањето на Денот на Европа

Од:

Општина Кочани и ЕУ-инфо точката се вклучија во одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа.

Централниот настан се одржа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, каде ученици од основните и средните училишта претставија седум земји членки на Унијата: Холандија, Германија, Чешка, Бугарија, Ирска, Полска и Финска.

На манифестацијата присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој претходно имаше и работна средба со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

– Ова е моја прва посета на општина Кочани и им благодарам на учениците што се вклучуваат во одбележувањето на овој ден што е важен за историјата на ЕУ. Го ценам и пристапот на локалната власт за нејзината ориентираност кон проекти кои ќе дадат конкретни резултати во интерес на граѓаните од вашата општина, а за што ја има сета наша поддршка, истакна амбасдадорот Жбогар.

Во културно-уметничкиот дел на програмата настапија хорот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и училишни ритмички состави, како и рок-групата „Шекспир“.

Дел од програмата беше и ликовниот перформанс во кој се вклучија членовите на Училиштето за цртање и сликање од ЦК „Бели мугри“, кои сликаа мотиви од земјите членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот