Денот на Европа одбележан во Дебар

Од:

Во организација на општина Дебар, образовните институции и граѓанскиот сектор денеска со повеќе активности беше одбележан Денот на Европа-9 Мај.

Одбележувањето почна со мини маратон на кој учествуваа четириесетина ученици од Гимназијата „Здравко Чочковски“, а прв на целта стигна Ујкан Муча, ученик од трета година од оваа образовна установа.

Во големата спортска сала, која е изградена со средства на ЕУ, учениците од гимназијата цртаа пејсажи за Европа. Присутните ги поздрави и за значењето на празникот и за стремежот да станеме дел од европското семејство зборуваше претседателот на Советот на општината, Башким Машкули.

– Ви го честитам Денот на Европа во која ние живееме, но тежнееме како општество да бидеме дел од европското семејство. Илјадници наши сограѓани живеат и работат во некоја од западноевропските земји, што значи дека дел од нашиот град е во ЕУ. Со нашето залагање во целина, оптимисти сме дека набрзо нашите стремежи ќе се остварат, рече Машкули.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи и турнир во мал фудбал, со учество на шест екипи, по една од трите основни општински училишта, една екипа на Гимназијата, општината и Полициската станица.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он