Туристите – една од поголемите причини за глобалното затоплување

Од:

Домашниот и меѓународниот туризам претставува причина за осум отсто од емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, што е четирипати повеќе од претходните предвидувања, се наведува во најновото истражување на Универзитетот на Сиднеј.

Најмногу поради домашниот туризам штетни гасови се регистрирани во САД, Кина, Германија, Индија, Мексико и Бразил. Истражувањето опфати 160 земји во светот.

Со летовите, храната, па дури и продажбата на сувенири, е емитуван еквивалент од 4,5 милијарди тони јаглерод-диоксид во 2013 година, што е осум отсто од вкупното количество штетни гасови. За споредба, во 2009 година таа бројка изнесувала 3,9 милијарди тони.

Според претходни проценки, туризмот создава 2,5 до три отсто од светските емисии на штетни гасови.

Но, туризмот е во постојан пораст, а тоа значи, пред се – зголемен број авионски летови. Се очекува вкупниот број на патници двојно да се зголеми и да достигне 7,8 милијарди годишно до 2036 година, соопшти Меѓународната асоцијација за авиосообраќај.

Според овој тренд, туризмот како индустрија ќе емитува 6,5 милијарди тони јаглерод до 2025 година.

– Препорачуваме помалку летови и поголемо присуство на земја, доколку е можно користење на јавен превоз, изјави д-р Арунима Малик, физичарка од Сиднеј, и дел од тимот што го спровел истражувањето.

Предводникот на тимот, Манфред Лензен додава дека, за таа цел, можеби би требало цената на авионските карти да биде повисока.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска