Во дебарската гимназија сите матуратни се пријавиле за државна матура

Од:

Во единственото средно општинско училиште во Дебар, гимназијата „Здравко Чочковски“ сите 110 матуранти се пријавиле за полагање државна матура.

– Од вкупниот број 35 се со настава на македонски и 75 на албански наставен јазик. Тоа потврдува дека нашите ученици се определени да го продолжат натамошното школување на некој од универзитетите во Македонија, но и во Албанија и Косово, велат од управата на училиштето.

Дебарските матуранти, матурската вечер тие ќе ја одржат на 11 мај, откако претходно, по традиција, ќе продефилираат низ центарот на градот.

Што се однесува до матурантите од соседните општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше и таму состојбата е речиси идентична.

– Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, средното образование го завршуваат 25 ученици од нив седум ученици се со настава на македонски и 18 на турски наставен јазик. За државна матура се јавиле 24 ученици. За нив учебната година завршува на 18 мај, вели директорот Аќиф Селман.

Според управата на СОУ „Маврово-Ростуше“ во Ростуше, каде наставата се изведува на македонски јазик, за државна матура се јавиле 27 додека за училишна тројца ученици. За разлика од претходните години овој пат нема да имаат класична матурска вечер и веќе од вчера се на неколку дневна екскурзија во соседна Албанија.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион