Тимо Глок го напушти тимот на Марусија со спогодбен договор, соопштија официјалните лица на Формула еден тимот од Русија.
Испразнетото место на Тимо Глок во тимот на Марусија ќе го пополни дебитантот Британецот Макс Чилтон името на вториот возач ќе биде објавено подоцна.
Инаку Тимо Глок кој имаше договор со Марусија до 2014 година по разделбата со руската екипа истакна:
„Имав три одлични години во Марусија. Им посакувам многу среќа за во иднина. Во моментов навистина не го знам мојот следен чекор“, изјави Глок.