Одбележување на Денот на Европа

Од:

По повод 9 Мај, одбележувањето на Денот на Европа, низ градовите во Македонија ќе се одржат повеќе активности.

Секретаријатот за европски прашања ќе го организира традиционалниот „Појадок со ЕУ“, во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 9 часот, на кој ќе учествуваат амбасадорите на земјите членки на ЕУ, поранешните вицепремиери за европски прашања, на кои ќе им се обратат вицепремиерот Бујар Османи и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.

Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го одбележи Денот на Европа во Куманово, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес, Струмица и Битола. Инфо точките на ЕУ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот на ЈИЕ во Тетово и Битолскиот универзитет ќе ги вклучат студентите во дискусии за европската иднина на земјата.

Жбогар и други амбасадори на земји-членки на ЕУ ќе учествуваат на прославите и ќе ја пренесат пораката за заедничка иднина.

Централен настан на програмата за Денот на Европа е ЕУ паркот, што ќе се одржи во Штип на 12 мај, во присуство на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Штип Благој Бочварски и Самуел Жбогар. На настанот ќе се одржат презентации на сите земји-членки на ЕУ од страна на студентите на универзитетот во Штип, спортски активности, како и музички изведби на популарни уметници. За одбележување на Европската година на културно наследство, ќе се одржи изложба на фотографии од локации на културата во земјата и ЕУ.

Делегацијата на ЕУ поддржува и други настани за Денот на Европа, како што се Скопскиот маратон, годишната матурска парада, дебати и натпревари за деца и студенти организирани од Европското движење во Скопје, Велес, и Куманово, како и бројни културни настани.

Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9 Мај, го слави мирот и единството во Европа. На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 година, Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани