Единствена Македонија: Министерот Спасовски потврди дека Македонија си ја замислуваат како лото игра

Од:

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека нема ништо спорно во тоа што Џезаир Шаќири како исламско-фундаменталистичкиот фанатик и извршител на убиството на припадник на МВР е поставен за советник за безбедност на Зоран Заев.

Според министерот Спасовски, такви контроверзни имиња ја водат државата од 2002 година до денес, алудирајќи дека и власта на ВМРО-ДПМНЕ назначувала функционери кои работат директно против македонскиот народ и македонската држава.

Единствена Македонија го потсетува Спасовски дека смислата на владеењето со Македонија не е да погодуваме, дали СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја уништувал државата, туку, власта на СДСМ треба да ги спречи и отстрани опасните работи кои ги правела претходната власт.

Со денешната изјава на Спасовски дојде директната потврда дека марионетската власт на СДСМ си ја замислува Македонија како лото игра во која треба само да погодуваме кој повеќе, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, учествувал во рушењето на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија и македонскиот народ ќе ја победат погубната антимакедонска определба на партијата „Погреб за Македонија„ составена од хунтата на СДСМ и режимот на ВМРО-ДПМНЕ, и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена