Црвениот крст на Струмица преку спортски игри ја одбележа годишнината од постоењето

Од:

Општинската организација на Црвениот крст на Струмица денеска на Плоштадот „Гоце Делчев“ ја одбележа 155-годишнината од основањето на оваа хумантирна организација на светско ниво.

Подмладокот на Црвениот крст со традиционални спортски игри се вклучи во одбележувањето на големиот јубилеј.

– Денеска Црвениот крст и Црвената полумесечина слават 155 години од основањето. На денешен ден се поставени основите за функционирање на нашата хуманитирна организација во 190 национални друштва. Ние сме најголема хуманитарна организација на светско ниво и сме максимално обучени контунирано да ги препознаваме проблемите на социјално загрозените категории на граѓани, да одоговараме во услови на кризи и катастрофи, рече секретарот на Општинската организација на Црвениот крст на Струмица, Маријана Тошева.

Таа најави дека за неколку денови почнуваат реализација на еден значаен проект со обука на 10 лични асистенти за лица со телесна попреченост, кои понатаму преку министерството за труд и социјална политика ќе бидат ангажирани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите