Екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи

Од:

Подобрување на националното управување со шумите во Република Македонија со воведување нови практики и технологии за да се зајакне и прошири заштитната функција на шумите и да се намалат ризиците од природни непогоди. Надградба и проширување на функциите на постоечкиот Македонски информативен систем за шумски пожари-MKFFIS.

Ова се основните резулатати кои се очекува да бидат постигнати преку проектот за градење капацитети за eкосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Еco-DRR) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија -JICA.

Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку изјави дека се работи за голем проект со кој одредени региони од Македонија ќе бидат пошумени или ќе има т.н. еко пошумување со ќе се намалат ризиците од ерозија и од поплави. Посочи дека локациите каде ќе се пошумува веќе се избрани и наскоро ќе бидат објавени.

– Ние веќе имавме проект MKFFIS со JICA, кој го споделивме со земјите од Западен Балкан и станавме водечка институција во овој дел на Европа, рече Буџаку по отворањето на воведниот семинар од проектот.

Постојаниот претставник на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) од балканската канцеларија од Белград Хидеја Кобајаши изјави дека се надлежни за државите од Западен Балкан и за Македонија.

– Овој проект е пред се за намалување на ризици од катастрофи, како што се суши, поплави и други природни непогоди. Со овој проект ќе се зголемат капацитетите на државата за справување и рано предупредување од ваккви природни катастрофи, рече Кобајаши. Додаде дека проектот поддржува и активности за пошумување.

Проектот ќе трае четири години. Од македонска страна покрај ЦУК ќе бидат вклучени и ЈП „Македонски шуми“, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управта за хидрометеоролошки работи, Секретаријатот за европски прашања, Шумарскиот фкаултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он