„Тоа е еден од граѓаните кој што се приклучи на опозицијата и во тоа време и соработуваше со многу активисти на СДСМ“. Премиерот Зоран Заев пред новинарите го потврди советничкиот ангажман на Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа.
Заев рече дека доколку се појават екстрмистички групи, Шаќири може да помогне бидејќи добро го знае реонот околу Танушевци. Во врска со изјавата на Шакири дека неговото поставување за советник било договорено со Заев за да го ослободи Танушевци, премиерот вели дека немало потреба од ослободување бидејќи во селото немало вооружени сили.
„Тој е граѓанин на Република Македонија и како и секој друг може да биде ангажиран како советник или соработник. Како и да се вика, Шаќири чесно ќе си го заработува лебот бидејќи издржува многудетно семејство“ рече Заев. „Жалам што задоцниле од службите со одговорот за Шаќири“, рече Заев пред новинарите.
Васко Маглешов