Одржана показна вежба на градски стадион во Штип

Од:

Денеска во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата, на градскиот стадион во Штип, припадниците на МВР ги презентираа своите можности преку низа показни вежби, на коишто присуствуваа претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

По успешно завршената манифестација, министерот Спасовски во знак на благодарност за успешната соработка и разбирање за организација на настанот, додели благодарници на градоначалникот Бочварски, директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, како и на ФК „Брегалница“ за отстапување на стадионот.

Градоначалникот Бочварски на министерот за внатрешни работи, Спасовски, му додели благодарница за успешно и пожртвувано делување во служба на Општина Штип и граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски