Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски денеска преку официјалниот сајт на ФФМ ги демантира пишувањата во некои медиуми дека тој наскоро ќе седне на тренерската клупа на грчкиот клуб Олимпијакос.
– Нема вистина во пишувањата дека преговарам за тренерското место во Олимпијакос. Медиумите објавија сензационална вест само врз основа на мојата приватна посета на Атина. Во Олимпијакос поминав две години од тренерската кариера, таму имам пријатели, нормално е што комуницираме и имаме меѓусебна почит. Бев присутен на натпреварот Олимпијакос – Јанина, како дел од поранешниот тим го поздравив триумфот на Олимпијакос“, изјави селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Јаневски.
Тој најави дека до крајот на неделава ќе го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар со Данска на 6 февруари во Скопје.