Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром по победата над Сплит, а во пресрет на наредните натпревари во кошаркарската АБА лигата против Црвена Звезда и Унион Олимпија, со своја изјава околу ангажманот на Ефтим Богоев во клубот.
– Богоев доаѓа во клубот на мое инсистирање, моја проценка е дека секој клуб кој игра во така силно натпреварување во какво што играме ние, мора да има три плејмејкери во составот. Имавме потреба од играч кој игра на таа позиција, сакавме тоа да биде македонски играч кој игра во домашното првенство и кој има отворен договор, и единствен кој имаше таков договор беше Ефтим Богоев. Мислам дека тој може да ни помогне за она што не очекува во преостанатиот дел од АБА лигата, како и за натпреварите од домашното првенство, изјави Алеш Пипан.
Тимот на МЗТ Скопје Аеродром следниот дуел од АБА лигата ќе го одигра в сабота во Белград против екипата на Црвена Звезда. На овој натпревар шанса да дебитира во синиот дрес ќе добие Богоев.