Турските власти го ставија на продажба Баргилија – град стар 2.500 години, со цел да го зачува историското богатство од крадци, но и пропаѓање. Населбата се наоѓала близу денешен Бодрум, на егејскиот брег, а цената на наоѓалиштето се проценува на 8,3 милиони долари.
На земјиштето од 133 хектари, меѓу театарот, акрополот, некрополата и остатоците од тврдините денес често залутуваат животни. Археолошкото наоѓалиште е рангирано како кулурно наследство од прва класа, но властите не сториле доволно за конзервација, оти земјиштето се води како приватна сопственост.
Во градот не се направени позначајни археолошки ископувања, па цел на крадците е мозаикот од римското доба.
Ова не е прв обид да се продаде овој град. Во 2015 година локален агент за недвижнини исто така имаше слични напори, но купувач не се најде.