СДСМ: Кого лаже Мицкоски себе или своите?

Од:

„Не постои поголемо погазување на медиумските слободи од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најмалку повикана да зборува за слободата на медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ може да зборува само за медиумскиот мрак што го создаде.

11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по апсењата, казните и физичките напади врз новинари, затворањето на медиуми, злоупотребата на полицијата за упади во телевизии, насилното исфрлање на медиумски работници од Собранието и директното мешање во уредувачките политики на медиумите и затоа денешната реакција не е ништо друго освен врв на лицемерие на опозициската партија.

Токму поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон новинарите и медиумите, Македонија со години беше закотвена на дното во Европа по медиумски слободи.

И покрај овие општопознати факти, Христијан Мицкоски наместо да се извини за сите штети што неговата партија го нанасе врз медиумите и новинарите, тој упорно ги брани и промовира политиките на неговиот претходник Никола Груевски. Таквиот лицемерен однос на Мицкоски не може да ги излаже ниту неговите сопартијци, а не пак граѓаните кои одлучно ги поразија политиките на насилство, омраза и закани на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата