Ќе спроведат мерки за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата

Од:

Владата заедно со Фондот за население на ОН (УНПФА), ќе потпише договор со цел да се имплементираат нови мерки за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Мерките опфаќаат спроведување обуки во две родилишта кои опфаќаат 60 отсто од раѓањата во државата, преку градење технички капацитети на гинеколозите и акушерите, неонатолози за услуги и ефикасна грижа за предвремено родените бебиња, примена на практики во согласност со последните стандарди на Светската здравствена организација (СЗО), истакна Бошњаковски.

Посочи дека ќе се обезбеди менторство од искусни консултанти на СЗО во текот на примената на практиките за унапредување на здравјето за предвремено родените бебиња и ќе се направи адаптација на клиничките протоколи и упатства, засновани на медицина базирана на докази.

– Дополнително до крајот на годината ќе се работи и на зголемување на свесноста на бремените жени и нивните семејства во врска со знаците на опасност од несаканите последици во текот на бременоста и породувањето, рече Бошњаковски.

Како што наведе, исто така, се работи за сериозен недостиг на гинеколози што постои повеќе од една деценија во РМ, можеби и повеќе.

– Но тоа што е важно е дека работите во моментов не ги решаваме инцидентно туку ги решаваме системски. Не може преку ноќ или за еден, два, три, па и до шест месеци, одеднаш во сите општини каде има недостиг на матични гинеколози, да се најдат матични гинеколози. Но, системско решавање значи зајакнување на постојните капацитети, зајакнување на постојните протоколи и услуги што ги добиваат родилките во РМ во постојните капацитети. Сигурни сме дека до крајот на годината ќе имаме резултати и подобрување на процентот, а до крајот на наредната, како што најавија и од Министерството за здравство, ќе бидеме блиску и до европскиот просек на смртност, рече Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

Мицкоски мандатар за состав на влада

Мицкоски го добива мандатот, ќе формира влада во нов формат