ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на претседатели на OK

Од:

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера, 02.05.2018 година, одржа седница на која што се расправаше за општествено економската состојба во државата. Презадолжувањето на државата, повлекувањето кредити без реална потреба и без реализација на никакви проекти, според сите анализи водат кон економски крах. Никој не знае на што и како се трошат милионите евра од задолжувањето, кои ќе ги враќаат идните генерации.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека на оваа несовесна политика мора да се стави крај. Државата не може да продолжи по патот на расипништво“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„На состанокот беа разгледани и неколку кадровски прашања. ИК именуваше и два портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе и одлука за избор на претседатели на следните ОК:

Иван Јорданов – Штип

Мирче Аџиоски – Струга

Бошко Цветковски – Лозово

Коста Маневски – Зелениково

Анри Андоноски – Крива Паланка

Ѓорѓи Граматиков – Дојран

Митко Костадиновски – Виница

Никола Атанасов – Берово

Јован Тозиевски – Ресен

Миле Лефков – Кочани

Ненад Јовчевски – Тетово

Дарко Костовски – Бутел

Сашо Донев – Охрид

Иванчо Тошевски – Битола

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека треба да запре злоупотребата на институциите и државните ресурси за партиски потреби“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус