ЕК предлага поголемо издвојување од земјите членки за Буџетот на ЕУ

Од:

Европската комисија предложи нов Нацрт-буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, со која се предвидува издвојувањето на земјите членки на Унијата за заедничката европска каса да се зголеми од еден на 1,114 проценти од националните БДП.

Покрај ова, со предлогот се утврдува дека правото на користење на средства од Буџетот на ЕУ на секоја земја членка ќе зависи од почитување на владеењето на правото.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во новиот Нацрт-буџет за периодот 2021-2027, предвидени се 14,5 милијарди евра за претпристапните фондови за земјите кандидати и аспиранти за членство во ЕУ, но не и средства за прием на нови земји членки. Во претходните буџетски периоди Унијата за претпристапните фондови издвојуваше околу 11 милијарди евра

Еврокомесарот за буџетски прашања, Гинтер Етингер потврди дека со буџетот не е предвидено ниту едно евро за можни нови земји членки. – Ако биде примена нова земја, таа ќе може да ги користиме индикаторите и да ја зголемиме сумата која сите ја плаќаат како што направивме со Хрватска, изјави Етингер.

Зголемувањето на издвојувањето на средствата во заедничкиот буџет на ЕУ е резулат на истапувањето на Велика Британија од Унијата, па тој кусок во заедничката каса покрај со кратење на фондовите за некои од постоечките програми, ќе треба да го надоместат останатите земји членки од своите буџети.

Според Европската комисија, издвојувањата на земјите членки во зедничкиот буџет во следниот период ќе бидат „незначително зголемени“, но и „одговорни и разумни“.

– Нашиот избор е стабилна, попросперитетна Европска унија. Европска унија које ќе биде повеќе свртена кон социјалните прашања, но ќе биде и посилна кога станува збор за нејзината позиција во светот. За оставрување на нашиот избор за движење напред потребен ни е модерен, поедноставен и пофлексибилен буџет, со цел да можеме да се соочиме со постоечките предизвици и со оние кои ќе дојдат, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Спроред Еврокомисијата, новиот Буџет на ЕУ ќе донесе „видливи приоритети, поедноставна примена на правилата и пофлексибилен пристап до средствата за приоритетните области“.

Втора значајна новина во предложениот буџет е поврзувањето на правото на користење на буџетски средства со почитувањето на владеењето на правото во земјите членки.

Според Етингер, мора да постои јасна врска меѓу владеењето на правото и добивањето средства од Буџетот на ЕУ.

Кусокот во средствата во Буџетот по Брегзитот, Еврокомисијата се оибидува да го надомести и со намалување на фондовите предвидени за програмите за кохезија за седум проценти и за земјоделството за пет отсто.

Од друга страна пак се предвидува двојно зголемување на средствата за програмите за размена на студенти Еразмус плус и за инвестирање во истражувачки и развојни проекти.

Поголеми средства се предвидуваат и за одбраната и безбедноста, за контрола на надворешни граници на ЕУ, за дигитализација, за заштита на животната средина, како и за помош на земјите од соседството и на трети држави во справувањето со миграциските кризи.

Неколку земји членки веќе изразија незадоволство од новиот предлог, меѓу кои Франција, која е една од главните корисници на земјоделските фондови.

Шефовите на држави или влади на ЕУ ќе дискутираат за Нацрт-буџетот на јунскиот Самит, на кој втора главна тема е токму проширувањето на Унијата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он