Тетовчанка доби 30-дневен притвор за поседување хероин

Од:

На триесет и тригодишна тетовчанка и е одреден триесетдневен притвор, бидејќи на 30 април годинава се обидела да внесе наркотична дрога хероин на граничниот премин Табановце, при влез во Македонија.

– Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Царинската управа на Република Македонија, започна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, соопштија од Обвинителството.

Осомничената 33-годишна жителка на Тетово, како што информираат, се товари дека на 30 април годинава на граничниот премин Табановце, при влез во Република Македонија, се обидела да внесе наркотична дрога хероин.

– Осомничената како патник во автобус од еден превозник, во преграда која се наоѓала на потпирачот за раце и која била наменета за отпад, се обидела да сокрие две најлонски пакувања замотани во хартија со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 13,44 грама. При извршен претрес во автобусот дрогата е откриена и одземена од страна на овластени царински службеници, информираат од Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Куманово до Основниот суд Куманово поднесел предлог за определување мерка притвор за осомничената. Судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово спровел постапка и со решение го уважил предлогот на Обвинителството, односно ја определи предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена сметано од 1-ви мај годинава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват