Велешани на првомајски излет кај езерото „Младост“ и реката Бабуна

Од:

Граѓаните на Велес го одбележуваа 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот со излет во природа во рекреативните центри кај езерото „Младост“ и реката Бабуна.

Излетниците имаа ручек – скара и прошетка во природа. Дел од велешани беа во своите викендички во селата во Велешко, како и во планинарскиот дом на Чеплес под Солунска глава, во Папрадиште, во Нежилово и Богомила. Посетители, посебно млади, имаше и во Извидничкиот дом во село Голозинци, кај воздушната бања Јасеново во близина на селото Извор и на други бројни излетнички места во Велешко.

Дел од велешани заминаа на продолжен викенд во туристичките места во Бугарија и во Грција.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

СДСМ: Стоиме рамо до рамо со работниците

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он