На скопското излетничкото место кај Марков манастир, денеска традиционално се славеше празникот на трудот, 1. Мај.
Бројните посетители распослани на тревата со излетнички реквизити, столици, маси, ќебиња славеа со скара, пијалаци и жива музика.
Трубачите и блех оркестарот беше главната забава на излетниците. Многумина од нив велат дека 1. мај го слават и по три дена, за што обезбедиле и шатори и камперска опрема.