ВМРО-ДПМНЕ: Заев вчера велеше дека немал ништо со камионите, а денес објаснува дека ја продале механизацијата

Од:

„Зоран Заев и Васко Ковачевски ги потценуваат граѓаните и се повеќе се заплеткуваат во криминалната мрежа.

Зоран Заев и Васко Ковачевски се обидуваат да ја убедат јавноста дека камионите кои биле во сопственост на „Тотал инжинеринг“ од Струмица се шверцувале во РЕК Битола. Верзијата што Зоран Заев, Вице и Ковачевски ја смислиле е дека камионите со струмички таблички и ознаки на „СВ Инвест“ од Битола среде бел ден, незабележани од никого, влегувале во кругот на РЕК Битола, извршувале работи за комбинатот и потоа повторно незабележани од никого, си заминувале. Нормално, според триото Зоран, Вице и Васко, камионите ова го правеле без никаков договор и без никаков надомест.

После ваквата одбрана на триото „Минхаузен“, нема граѓанин кој што не го интересира каде може да се најдат шофери и камиони кои ќе дојдат, ќе сработат и ќе си заминат без никаков надомест?

Да не беше трагично, ќе беше смешно!

Вчера Заев велеше дека немал ништо со камионите, а денес појаснува дека Вице имал механизација ама наводно ја продал. Секој ден различен став за да се сокрие вистината за криминалот. Признанието на Заев само ги потврдува сомненијата дека фирмата „СВ Инвест“ од Битола вршела превоз на јаглен со камионите во сопственост на „Тотал инжинеринг“ во периодот кога се направени снимките.

Истражните органи мора да соберат храброст и да ги испитаат сомнителните бизниси на криминалниот картел во власта. Ваквите дела не застаруваат и доколку се обидат да ги прикријат незаконските активности, по враќањето на правната држава предметите ќе бидат повторно отворени“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска