Царовска: Должност ни е да создаваме услови од трудот да може да се живее чесно и достоинствено

Од:

„Денот на трудот, 1-ви Mај е симбол на борбата за правата на работниците. Како политичари и работници, наша должност е тие права да ги штитиме и унапредуваме. Македонија веќе не смее и нема да биде земја со евтина работна сила и незаштитени работници.

Ја зголемивме најниската гарантирана плата за над 90 илјади работници. Го решивме проблемот на голем број стечајни работници. Правиме се’ жените да бидат платени исто како и мажите. Наша должност е да создаваме услови да може од трудот да се живее чесно и достоинствено.

Први мај е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет. Тоа е светот на правдата, на еднаквоста и на поддршката кон сите на кои им е потребна помош. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги давале своите животи. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание“ се вели во честитката по повод Први мај на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Внимателно со палењето оган на отворено, апелира ЦУК

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски