Минимаратон „Да трчаме за здравје”

Од:

Општина Чаир ја поддржува граѓанската иницијатива за организација на мини-маратон во Чаир под мотото „Да трчаме за здравје”, која за цел има собирање на средства за деца болни од рак, во одделението за Онкологија и Хематологија во Скопје.

Датумот за одржување на минимаратонот е 5-ти мај (сабота) и ќе започне во 11:00 часот во Паркот на Чаир со музички фестивал по што во 13:00 ќе следи минимаратонот во близина на маркетот „Веро“ и ќе продолжи кон улицата „Кемал Сејфула” до „Поликлиника Чаир” и ќе заврши во Паркот на Чаир.

Учесници на овој маратон ќе бидат сите основни и средни училишта во Општина Чаир како и унијата на средни училишта, унијата на студенти, пејачи, актери и јавни личности, различни приватни компании и др, како и сите граѓани кои сакаат да се приклучат на оваа хуманитарна акција, соопштуваат од Општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе инвестираме во јавната хигиена

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ