Единствена Македонија: Зоран Заев знае за вооружени Албанци во државата, но не презема ништо

Од:

„Зоран Заев вчера ја шокираше јавноста со изјавата дека за време на немилите настани во Собранието на 27 април, лани, по мобилен телефон добивал информации дека од „Бит Пазар“ се тргнати вооружени Албанци кон Собранието да ги бранат пратениците на ДУИ и Зијадин Села.

За Единствена Македонија и народот е крајно опасно што Зоран Заев не го применува правото и не презема ништо за да ги разоружа нелегално вооружените Албанци во земјата.

Ако за така краток рок постоела вооружена албанска група која се мобилизирала да го нападне Собранието лани на 27 април, а притоа Заев тоа го знае и цела една година ништо не презема, се поставува прашањето дали Зоран Заев ги сместува сите албански партии во владата во обидот за конечна пресметка со македонскиот народ, а нелегалното оружје на вооружените албанци ќе послужи за таа цел?

Единствена Македонија го предупредува Зоран Заев да не влегува во опасната авантура против македонскиот народ, оти многу бргу Македонија ќе биде ослободена од окупаторската марионетска власт во државата во содејство со нивните странски газди.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска