Самитот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, се одржува попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, каде што македонскиот претседател Ѓорге Иванов придружуван од претседателите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ ги пречекаа останатите балкански лидери.
Ракувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ со неговата хрватска колешка беше „ладно“ и формално, без многу зборови, поради актуелните тензии на релација Белград-Загреб. Вучиќ со останатите домаќини се поздрави посрдечно.