Договорена соработка меѓу министерствата за локална самоуправа на Македонија и Бугарија

Од:

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, на покана на неговиот бугарски колега, министерот за регионален развој и јавни работи, Николај Нанков, денеска, на состанокот во Софија, разговараше за соработката меѓу двете министерства и за можностите за нејзино проширување.

Како што информираат од министерството, на работниот состанок двајцата министри истакнале дека двете министерства веќе соработуваат во рамките на имплементацијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Министерот Фазлиу истакнал дека програмата за прекугранична соработка со Бугарија е најуспешна затоа што во првата фаза во целост ги има реализирано одобрените средства од Европската Унија, а истото го очекува и во рамките на објавениот јавен повик за проекти, отворен до 11 мај.

Двајцата министри разговарале за проширување на соработката преку потпишување на Меморандум за соработка во областите на локалната самоуправа, регионалниот развој и прекуграничната соработка.

„Потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство, меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија, само ги институционализираше веќе отворените патишта меѓу институциите и граѓаните од двете земји. Значи и дополнителен поттик, затоа што дава основ за воспоставување на сестрана соработка на патот до членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. За нас е многу важно да отпочнеме прагматична соработка меѓу двете министерства, која што ќе ни помогне во спроведувањето на политиките, особено на оние кои што се од клучна важност во процесот на интегрирање во Европската Унија и во НАТО“, рекол министерот Фазлиу.

Министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Николај Нанков, истакнал дека Меморандумот за соработка меѓу двете министерства е добра можност за продлабочување на соработката и поддршка во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија и НАТО. Двајцата министри изразиле подготвеност Меморандумот за соработка меѓу двете министерства да се потпише до крајот на јуни во Скопје.

Би можело да ве интересира

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

(ВИДЕО) Филипче: Историски се задолжуваме за шест милијарди евра, Владата крие детали

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата