Вредноста на акциите на берзанскиот индекс Насдак, кој ги следи состојбите во техонолошката индустрија, денеска порасна благодарение на добрите резултати на гигантите како Амазон, Мајкрософт и Интел.
Амазон, кој забележа пад на акциите во изминатите недели поради отворениот конфликт меѓу основачот Џеф Безос и претседателот Доналд Трамп, денеска имаше раст на акциите од 7,4 проценти пред отворањето на њујоршката берза.
Вредноста на акциите на Мајкрософт, пак, порасна за 3,9 проценти по добрите резултати во првиот квартал на годината. Продолжи растот и на акциите на Фејсбук, откако компанијата успеа да се одбрани од критиките за злоупотреба на податоците на своите корисници.