На Грујевски може да му се суди одделно поради необјавената одлука за екстрадиција

Од:

На 18 мај Врховниот суд на Грција ќе ја соопшти одлуката по жалбата за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Дотогаш се закажани судењата во кривичниот суд во Скопје за нелегалното прислушување и за набавката на софтвер во МВР, во предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ на специјалното јавно обвинитлство.

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ е закажно за 15 мај, а за „Трезор“ на 17 мај, што значи дека тоа е 3, односно 2 дена пред да биде објавена одлуката за екстрадиција. Поради фактот што Врховниот суд одлуката ќе ја објави по рочиштата во кривичниот суд во Македонија, Груејвски и Бошкоски не може да присуствуваат на нив.

На последните 2 рочишта, судијката Џенета Бектовиќ рече дека доколку до закажаните рочишта нема одлука за есктрадиција, на следното судење ќе биде разгледана опцијата да им се суди во издвоени постапки. Адвокатот на Грујевски, Петар Василев, рече дека тој нема полномошно да му биде бранител на Грујевски. Судијката наведе дека доколку не биде обезбедено полномошно за Грујевски, ќе побара на обвинетиот да му биде назначен адвокат по службена должност.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска