Конзервација на Торзо од мермер од 3. век од наша ера во Неготински музеј

Од:

Мариана Филова и Горан Ивановски, овластени конзерватори за камен од Националната установа Стоби, денеска во Музејот на Неготино ги започнаа конзерваторските или заштитни работи на археолошкиот предмет „Торзо од мермер”.

Драгица Чекорова, в.д. директор во неготинската културна институција, појасни дека станува збор за експонат, кој потекнува од локалитетот „Грамаѓе”, село Барово.

– Торзото е дел од скулптура од римскиот период, 3 век н.е. Донесен е во музејот за време на археолошките истражувања во 2012 година од страна на стручен тим од Филозофски факултет, група археологија, под раководство на проф. д-р Антонио Јакимовски и проф. д-р Марјан Јованов, информираше Чекорова.

Таа додаде дека конзервацијата ќе се одвива во неколку постапки. Чистење на деловите од торзото, зацврстување на струкурата на материјалот, лепење на фрагментите меѓу себе, полнење на празнините на предметот со материјал сличен на оригиналот, премачкување со специјално хемиско средство за заштита на мермерот од влага.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска