Ученици од ОУ „Гоце Делчев“ на посета во Општина Гостивар

Од:

Учениците од четврто одделение, паралелки на македонски јазик, при Основното општинско училиште „Гоце Делчев“- Гостивар, во придружба на нивните учителки, денеска беа во посета на Општина Гостивар, за да се запознаат како функционира локалната власт.

При посетата тие се сретнаа со градоначалникот Арбен Таравари и неговите соработници, а ги посетија и просториите каде што општинската администрација ги извршува своите задачи.

Градоначалникот Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет, ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа со јазик разбирлив за нивната возраст, посакувајќи им кога ќе пораснат да станат дел од општинската администрација, да преземат раководни позиции, а некој од нив да стане и градоначалник.

Учениците од ООУ „Гоце Делчев”, разговараа со градоначалникот Таравари и му поставија многубројни прашања.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија