Слика на Модиљани проценета на рекордни 150 милиони долари

Од:

Сликата со гола жена како лежи на грб на италијанскиот уметник Амедео Модиљани е проценета на 150 милиони долари.

Од аукциската куќа „Сотби“ соопштија дека делото од 1917 година познато како „Nu Couche“ (Лежечка голотија) претставува најскапа слика од овој автор некогаш понудена на аукција.

– Модиљани наведува дека неговите модели зрачат со својата сексуалност. „Nu Couche“ е неверојатно сензуална слика и е многу иновативна за периодот во кој е создадена, истакна Симон Шо, извршен директор во „Сотби“.

Модиљани во почетокот на 20-от век ја шокирал тогашната јавност со сликите на кои се прикажани голи женски тела.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска