ВИДЕО: Извештајот на СЈО одложен за наредната недела, пратениците не биле подготвени

Од:

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Александар Кирацовски на почетокот на 32. седница на комисијата, на која требаше да биде презентиран извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, изјави дека разгледувањето на извештајот е одложено, најверојатно за наредната недела.

– Осмата точка од дневниот ред, која се однесува на извештајот за активносите на Специјалното јавно обвинителство нема да се разгледува од причина што треба да им се остави повеќе време на пратениците да се подготват. Извештајот најверојатно ќе се разгледува наредната недела, рече Кирацковски.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не се појави на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба