Откако медиумите објавија дека порталите „Курир“ и „Република“ имаат ист унгарски газда, новинарот Миленко Неделковски на неговиот Фејсбук профил напиша дека е изненаден од големиот интерес на Унгарците за македонскиот медиумски простор.
„Неверојатно колкав интерес Унгарциве покажаа за медиумскиот простор во МК!
Прво Џорџ Сорос со години, па сега овој анонимус во Курир, Република и Алфа… Наводно Унгарец и во ТВ Нова!
А бе, парите таму да не ги штекафте?!
А и нотарот за “Антверпен” зделката (недвижнината) е од Маџарска!
Плус, ликовите од “27-ми април”, од Скопје побегнаа во Маџарска.
А и Горан Грујески и Никола Бошковски беа фатени на аеродром во Солун, пред да се качат на авион за Будимпешта!
А и на Унгарска граница ‘пере су биле у шишу’, 700.000 евра на Срџан Керим“ напиша Миленко.