ВМРО-ДПМНЕ обвинува за непотизам во Општина Битола

Од:

Непотизмот станува заштитен знак на СДСМ. По вработувањето на братот на градоначалничката како наставник, стигнаа информации кои говорат дека роднини на лица од врвот на власта ги полнат државните институции, обвини Викторија Христовска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Според неа, СДСМ и Петровска не смеат да бегаат од одговори и треба да ѝ кажат на јавноста. „Дали е точно дека како компензација за лојалноста во Советот на Општина Битола во општинската администрација ги вработи Бобо Груевски, прв братучед на Валентин Груевски, претседател на Советот, и Владимир Костурски, сопруг на советничката Емилија Костурски. Дали ова не е непотизам почитувани граѓани? Општина Битола не смее да биде место за вдомување на партиските кадри. СДСМ не смее да ги става интересите на партијата над интересот на граѓаните. Петровска мора да одговори и дали во општината го вработи и братучедот на Сашо Додовски, актуелен претседател на УО на АД ЕЛЕМ? До каде оди непотизмот и фамилијарниот интерес на фамилиите од власта?“, праша таа.

Според неа, граѓаните се прашуваат дали за директори на ЈП Комуналец и ОУ „Даме Груев“ ги назначи брачните сопружници Панде Богоевски и Ленче Богоевска? И дали за директор на хидроелектричната централа во ЈП „Водовод“ е поставен Оливер Сливовски, кум на Горан Козаров, директор на Водовод. СДСМ и Петровска должат одговор и дали сопругата на вршителот на должност секретар на Општина Битола е директор во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух?

„Не постои институција на територија на општината во која не постои сомнеж за непотизам. Граѓаните чекаат одговори како и на кој начин СДСМ ги троши нивните пари. Дали гледа на буџетот само како на средство за намирување на партиските апетити на неколку фамилии од врвот на власта? Останува уште и домашните миленичиња да си ги вработат. Најсоодветна парола на оваа ненародна власт наместо живот за сите би била живот за најблиските“, додаде Христовска.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски