Во Кривичниот суд денеска е закажано судење за предметот „Титаник 2“ на СЈО во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Во овој случај обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.