Анкета: Над 80 проценти од Словенците сакаат оставки од Јанша и Јанковиќ

Од:

Поголемиот број Словенци сметаат дека премиерот Јанез Јанша и љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ мораат да поднесат оставка од политичките функции, додека една третина бараат предвремени избори, покажуваат резултатите од анкетата на „Дело“.

Дека Јанковиќ треба да се повлече од политиката оценуваат 89 проценти од испитаниците, а 86 отсто изјавиле дека истото треба да го направи и премиерот Јанша.

За предвремени избори се изјасниле 33 проценти од испитаниците, а за останување на сегашната коалиција со нов претседател на Владата – 29, додека за техничка влада биле 20 отсто од 500 анкетирани граѓани.

Словенечката антикорупциска комисија пред две недели објави извештај според кој Јанша и Јанковиќ имаат имот за кој не можат да го докажат потеклото.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски