Г-7 за дијалог, но против „злонамерното“ однесување на Русија

Од:

Министрите за надворешни работи на групата седум индустриски најразвиени земји, соопштија оти се отворени за дијалог со Москва, но и дека се едногласни во „спротивставувањето на злонамерното однесување на Русија“, изјави висок американски претставник.

– Г-7 е едногласна во спротиставувањето на руското злонамерно однесување. Исто така, постои и отвореност меѓу членките на Г-7 за дијалог со Русија, иако ја гледаме како одговорна за злонамерни активности и нејзините напори да дестабилизира држави, изјави неименуваниот американски претставник по првиот ден од состанокот на дипломатите на таа група во Торонто.

Тој додаде дека државите од Г-7 „ги испитале чекорите кои се преземени во спротивставување на негативниот тренд, кој се појави во Крим, а кој се заканува на мирот и стабилноста“, и нагласи дека се очекува дипломатите наскоро да издадат соопштение за нивниот бескомпромисен став кон Москва.

Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат: САД, Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија и Јапонија. Следниот самит на Г-7 ќе се одржи на 8 и 9 јуни во канадската провинција Квебек.

На состанокот присуствува и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот