Макрадули: Југохром ќе почне со работа кога ќе ги исполни стандардите за животна средина

Од:

Се додека Југохром не ги исполни условите и не се вложи во заштитата на животната средина не треба да работи, беше дециден денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули одговарајќи на прашање за време на акцијата за чистење на езерото Козјак.

– Инвеститорот си презеде свои обврски и за жал доцнат со исполнувањето на тие обврски. Ние сме решени се додека не се исполнат тие услови за дозволата што ја имаат, Југохром да не може да работи, истакна Макрадули.

Од МЗЖСПП контактирале со менаџментот на Југохром и чекаат да бидат информирани за она што е направено како инвестиција, а потоа ќе се оцени дали ги задоволува критериумите.

Макрадули рече дека не разговарале за нови рокови за изградба на филтрите иако минатата година беше најавено дека Југохром ќе почне со работа во март или април оваа година.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски