Шефовите на дипломатијата на земјите од Г-7: Да се зголеми притисокот врз Русија

Од:

Министрите за надворешни работи на Г-7 денеска ќе разговараат во Торонто за интензивирање на притисокот врз Русија, но, на дневен ред не се нови санкции против Москва.

Министрите за време на дводневната конференција ќе расправаат за ситуацијата на Корејскиот полуостров, Сирија, Блискиот Исток и Венецуела, како и за подготовките за самитот на лидерите на Г-7 во Канада во почетокот на јуни.

Групата ја сочинуваат: САД, Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија и Јапонија.

Овие земји се особено загрижени за начинот на кој Русија делува во некои кризни региони, а особено поради нападот со нервен агенс на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.

– Треба да најдеме заеднички одговор на тоа, вели неименуван извор за американски медиуми.

На состанокот ќе присуствува и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

САД, со оглед на тоа дека Мајк Помпео се уште не е официјално избран за државен секретар, ќе ги претставува Џон Саливан.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот