Зајкова: Никој не смее да биде осудуван доколку поседува одредена количина канабис за лична употреба

Од:

Претседателката на ЛиДеМ, Моника Зајкова излезе со став за декриминализација на канабисот . Таа вели дека секој има право на сопствен избор, и не смее да биде осудуван за лична употреба и поседување на одредена количина на канабис. Еве го нејзиниот став:

„Особено ме радува фактот што по вклученоста и јавната поддршка на “Коноп-фест” организиран од здружението Билка за подигање на свеста за декриминализација на канабисот, како и соопштението во однос на поддршката и нудењето на бесплатна правна помош на Моника, но и осуда на чинот на притворање на нашата сограѓанка, го испровоциравме општеството за низа коментари, што е и целта на Либерално демократската младина (ЛиДеМ).

Имено, ние од ЛиДеМ, покрај досегашните активности во однос на декриминализација на канабисот и делумнуот успех, како што е легализирање на употребата на истиот во медицински цели, актитивно и во иднина ќе продолжиме со низа активности, како би иницирале издржана јавна и аргументирана дебата на сите заинтереси страни, а се со цел, конечна декриминализација на канабисот во Република Македонија.

Секој има право на сопствен избор, и не смее да биде осудуван за лична употреба и поседување на одредена количина на канабис“ смета Зајкова.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори