Извештај на Стејт департментот: Корупција има во сите сектори на власта во Албанија

Од:

Раширената корупција во сите сектори на власта, ограничувањата на слободата на изразување и медиумите, вклучувајќи ја и автоцензурата и заплашувањето на новинарите, предизвикани од финансиски и политички интереси, се само дел од забелешките на Стејт департментот во најновиот извештај за човековите права во Албанија во 2017 година.

Во извештајот се наведува дека судството, односно неказнивоста, останува сериозен проблем.

– Кривичното гонење, а особено откривањето на виновниците меѓу носителите на функции кои се огрешиле од законот, било спорадично. Функционери, политичари, судии и луѓето со силни бизнис интереси честопати биле во состојба да го избегнат кривичното гонење, се додава во извештајот.

Американскиот Стејт департмент, исто така, наведува дека во текот на 2017 година, „корупцијата била широко распространета во сите сектори на власта во Албанија“. Тој, исто така, нагласува дека политизирањето на назначувањата во Врховниот и Уставниот суд ја загрозуваат независноста и интегритетот на овие институции и дека Министерството за правда не презело соодветни дисциплински мерки против судиите.

Во извештајот исто така се наведува дека властите главно одржувале ефективна контрола над полицијата, Националната гарда, вооружените сили и разузнавачката служба „иако функционерите понекогаш ги користеле државните ресурси за лични придобивки, а припадниците на безбедносните сили правеле прекршоци”.

Стејт департментот ја критикува полицијата, која, не секогаш го применува законот на избалансиран начин. Личните, политичките или криминалните врски, лошата инфраструктура, недостигот на опрема или несоодветното управување придонеле за континуирана корупција и непрофесионално однесување.

Што се однесува до слободата на медиумите, оценува дека има информации дека Владата, бизнисите и криминалните групи се обиделе се спроведат директен и индиректен политички и економски притисок, вклучувајќи ги и заканите и насилството врз новинарите кои работат на истражувачки стории за криминал и корупција.

– Политичкиот притисок, корупцијата и недостигот на средства ги потиснаа независните печатени медиуми, а проблем останува и самоцензурата, констатира Стејт департментот во извештајот за човековите права во Албанија во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски