ВМРО-ДПМНЕ: Монструозни се манипулациите на Заев со семејствата на брутално масакрираните момчиња

Од:

„Монструозни се манипулациите на Заев со семејствата на брутално масакрираните момчиња кај Смилковското езеро. Заев е најодговорен што во моментов нема ниту еден виновник за грозоморната ликвидација зад решетки.

Наместо правда Зоран Заев во Македонија донесе туѓа платформа и своите концесии. До каде е Зоран Заев подготвен да оди за да го заштити својот коалиционен партнер? До каде е Зоран Заев подготвен да оди за да ја зачува премиерската фотелја?

Чии интереси штити Заев и кого тој покрива во случајот „Монструм“? Зошто не им ја каже на семејствата на убиените вистината која што тврдеше дека ја знае?

Во услови на заробена држава и судство сервилно кон СДСМ и Зоран Заев, овој случај нема да добие судска разрешница ниту пак ќе биде задоволена правдата. Правда ќе има само кога Зоран Заев ќе замине од власт и ќе ги ослободи заробените институции“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ реакција на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Горан Наумовски

СДСМ: Скопски маратон срамно злоупотребен од Орце и ДПМНЕ

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите