(ВИДЕО) Филиче: Македонија имаше одличен степен на имунизација, но сега веќе не е така

Од:

Со години нашата земја имаше одличен степен на имунизација, но за жал сега не е така, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација.

Според него, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно да ги донесат патници од земјите каде што тие се присутни и да се заразат невакцинираните деца.

– Ќе промовираме кампањи да ја подигнеме свеста и на населението и на здравствените работници, за бенефитите од вакцинацијата, да воведеме нови вакцинации во календарот, а календарот да го осовремениме со заменување на старите со нови вакцини. Антивакциналните кампањи се докажаа дека не се вистинити. Имаме обврска да се вакцинираме самите и да ги вакцинираме нашите деца, истакна Филипче.

Во однос на епидемијата на морбили во Србија, министерот Филипче рече дека кај нас нема регистриран поголем број на случаи, но оти Министерството будно ја следи ситуацијата. Во фаза на формирање е и координативно тело за вакцинација коешто ќе ги следи состојбите и ќе работи на осовременување на календарот и на контролата на вакцинација за имунизација.

Во однос на трансплантацијата на органи во приватните болници, министерот рече дека се прави модел на јавно приватно партнерство и оти за време на процесот на трасплантација којшто ќе биде контролиран од Министерството за здравство, заедно ќе работат тимови од доктори од клиниките од државното здравство и странски лекари.

– Сакаме да ги искористиме капацитетите и инфраструктурите на приватните болници, нашите лекари да работат заедно со странски стручњаци кои ќе ја преземат експертизата, а во исто време станува збор за пациенти кои сега се упатуваат во странство и со тоа сакаме да го намалиме трошокот за лекување во странство, истакна Филипче.

Министерот најави дека во мај очекува да дојде претседателот на Меѓународната организација за трансплантаицја на органи, кој ќе ги пренесе искуствата како Македонија да биде дел од европската трансплантација.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство